Колеги новинари, уредници и медиумски тајкуни, свестете се додека не е доцна!

АПЕЛ ДО РАЗУМОТ И СОВЕСТА НА ПРОВЛАДИНИТЕ ПРОПАГАНДИСТИ (ако уште ги имаат)

Да сум на местото на Заев, на „аналниве“ телевизии (Канал 5, Алфа, Сител), а особено на МТВ би им поставил ултиматум да постават линк за ДИРЕКТЕН ПРЕНОС од оваа пресудна прес конференција во вторник, со ветување дека тоа ќе им се смета како олеснителна околност при идниот судски процес против нив за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО на македонскиот народ и држава. Да сфатат колку е саатот.

Јас, пак, можам само да апелирам на нивната совест.

Еден таков гест од нивна страна може значително да го олесни процесот на демисионирање на режимот и скратување на агонијата во која тоне земјата. Во спротивност, ако одберат да ја продолжат опасната игранка, треба да знаат дека сите зла што можат да се случат во периодов што следи, директно одат на нивна душа. Историјата, па и актуелните примери во светот, покажуваат дека конфликтите како овој лесно можат да ескалираат до точка од која нема враќање. Тогаш нека не сметаат на никакви олеснителни околности, историјата може безмилосно да им суди, а богами и нивните сегашни „жртви“!

Затоа, колеги новинари, уредници, па и вие медиумски тајкуни, какви и да сте: СВЕСТЕТЕ СЕ ДОДЕКА НЕ Е ДОЦНА!!!

Послушајте го овој искрен апел до вашата совест. Вршете пренос во вторник, известувајте коректно. Овозможете му на СЕКОЈ македонски граѓанин, до последното погранично село во Македонија, од прва рака да се запозане со она што опозицијата има да го каже, па народот сам нека суди и проценува. Тоа е нивно уставно право, тоа е ваша законска обврска, ваша работа. Препознајте го моментот кога треба да речете, доста е. За доброто на сите.

Фејсбук статус на Жарко Јорданоски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести