Дваесет и шестата епизода од шоуто „Пинкови ѕвездички“ беше една од најсилните, a еден од главните фаворити, нашиот Трајче Георгиев, предизвика аплаузи и емоции од жирито кое се поклони на неговата интерпретација на една латино песна.
За изведбата на нумерата „Esta Ausencia”, Трајче доби овации и од жирито и од публиката.
„Ми треба малку воздух, навистина ме остави без здив’’ – беше реакцијата на босанскиот пејач Хари Мата Хари..
„Не знам како ние тоа со зборови да го искоментираме… нешто што е уметност’’ – вака вечерашниот настап го коментираше Леонтина Вукомановиќ.


