Ременски за Јанкулоска: Жената која своите вработени сака да ги „сотре“, имаше образ да продефилира пред овие храбри момци

МВР само на хартија и по воља на узурпаторите на слободата има министер за внатрешни работи. Жената што своите вработени сака „да ги сотре“, да ги употребува за „индијански работи пред избори“, да ги злоупотребува во „изборно насилство“, да ги нарекува „будалетинки“, денес на одбележувањето на 34 годишнината на ЕСЗ Тигар имаше образ да продефилира пред нејзините припадници и пред знамето во кое тие се колнат. Жената која МВР го претвори во партиски штаб за учество во изборни злоупотреби и притисоци нема легитимитет да зборува за патриотизам, зошто тоа не е одлика на нејзините „дела“.
Криејќи се зад емотивните сеќавања од 2001 година, и правејќи неспоредливи паралели со актуелниот момент во кои таа и нејзините шефови се соочуваат со сериозни обвинувања за криминал, таа ги злоупотреби припадниците на Тигар, преку нив да упати отровни стрели кон луѓе со гарантирани уставни права и недокажана вина – луѓе кои ни од далеку не можат да се споредат со актерите од 2001 година.
Жената која „се крсти во Уставот и законите“, прогласувајќи се за „патриот заради своите дела“, заборава дека е минлива фигура кој за последен пат, со изгубен поглед дефилира пред овие мажи кои ќе продолжат да работат во МВР и кога таа нема веќе да биде дел од него. Но, она на што заборави е дека партиотизмот не се покажува само со оружје, туку и со дела во моменти кога најзината власт ќе стане опасност и закана по мирот и безбедноста на граѓаните и државата. Овие храбри момци кои одлучија да го ризикуваат животот за вредностите во кои се заколнаа, знаат да стојат мирно пред претпоставените, какви и да се, но исто така знаат, да бидат мудри кога треба да одлучат кому му служат …
Тоа сигурно не сте вие …

Тоа е Македонија каква што ја сакаат нејзините граѓани, ја сакаат и тие, за своите семејства и за своите деца !

Честит јубилеј ЕСЗ Тигар !

Фејсбук статус на Фросина Ременски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести