Трагедија на патот Кичево- Битола: Загина цело семејство

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Битола, кај селото Белица попладнето по 13 часот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека при судир на два авотмобила, загинало цело семејство – татко, мајка и нивниот син, кои се презувале со возило Фолксваген поло со кичевски регистерски таблички.

При вадењето на телата интервенирале и пожарникарите. Во другиот автомобил – мерцедес со прилепски регистерски таблички тешко е повреден 31-годишниот возач. Со полесни повреди завршила неговата една година помлада сопруга. На лице место е јавен обвинител и полицијата. Се утврдуваат идентитетите на загинатите. Патот е целосно во прекин во двата правца

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести