Шест лица се повредени во тешка сообраќана несреќа која попладнево околу 16 часот се случи во населбата Автокоманда.
Во сообраќајката учествувале патнички автобус словенечки таблици и два автомобила.
Тројца патници кои биле во автомобилот со тетовски регистарски таблици се повредени и префрлени во Ургентниот центар. Повредени се и патниците во другиот автомобил „рено меган“, а повреден е и возачот на словенечкиот патнички автобус.
Патниците во автобусот најголем дел бил Македонци кои работат во Словенија и Италија, тие се хоспитализирани на Ургентниот центар. Никој од нив не е во животно загрозувачка состојба.


