Последниот говор на Николае

Со Револуцијата, која избувна во доцниот декември, соборен е еден од последните диктатори во Европа. Неговото име е Николае, а презимето му е Чаушеску.

Во Романија, како и во другите земји на Источниот Блок, владеел тоталитарен и расипнички режим. Иако споделувале иста идеологија, условите во секоја од нив не биле потполно исти.

Николае непречено владеел 24 години благодарејќи на тајната служба Секуритате (Државна Безбедност), која се пресметувала со непријателите на режимот, а тие според него биле секогаш „платеници на странски тајни служби, фондации, предавници“ и сл.

Николае организирал „спонтани“ контра-протести за да ја задуши револуцијата, кој се рашири низ Романија во декември 1989. Николае го заврши своето владеење токму со контра-протест.

На 21.12.1989, тој организира „спонтан“ митинг, со кој „народот сакал да му изрази поддршка“. Како и секогаш, учесници биле партиски дупелисци и луѓе доведени насила со автобуси и трактори, кои носеле транспаренти со хвалоспеви за вождот и црвени знамиња. Собирот се одржува пред зградата на ЦК на Романската компартија. Чаушеску започнува говор со излитените фрази за „процутот на стопанството“, а на разгласот одат снимки од одобрувачки скандирања.

Се случува историски момент, од насобраниот народ пристигаат свирежи и „уа“. Чаушеску е во шок и к’о задња сељачина почиња да се дере „АЛО! АЛО БРЕ! ТИШИНА ТАМО ДОЛЕ! АЛО!“. Елена „мудро“ сугерира: „Вети им 100 леи повишица“. Мислела дека со ситниш може да го запре текот на историјата.

Почнува општа побуна и пуцњава. Власта фрла летки со апел граѓаните да се разотидат и мирно да ги прослават празниците околу домашната софра. Ова уште повеќе ги разгневило, затоа што немале ни леб да јадат. Чаушеску се засолнува во зградата на ЦК, од која утредента повторно се обидува да им се обрати на граѓаните, но веќе нема поента. Народот јуриша на зградата, а Чаушеску одлетува со хеликоптер, за малку избегнувајќи ги гневните демонстранти кои успеваат да провалат во неа.

целиот текст прочитајте го на VBB.mk

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести