Македонски припадници на Министерството за внатрешни работи кои се уште сте под диктат на режимот. Кои ме читате и на кои ќе ви пренесат. Не вреди да ги браните оние кои ве понижуваат.
Следен пат кога ќе примите наредба од министерката Гордана Јанкуловска да ја чувате МРТВ од граѓаните, особено од жени, наместо да отстапите и да не пуштите внатре, и ќе примите наредба да удрите ако е потребно, па и да пуштите димна бомба, солзавец, да употребите пендрек, сетете се: како две жени-новинарки, се сетија на децата на вашите загинати колеги. И во 2003 година, дел од својата награда ја дадоа за нив. Рацеве и нозеве ми смрзнаа таа ноќ, ден пред Н.Година, чекајќи автобуси за неколку града, да ги однесат пакетите на адресите, за децата да се израдуваат.
Вие за нас не ни човечиња, ни будалетинки. Ние ве почитуваме, за разлика од претпоставената ви која се кези на телефон , понижувајќи ве. Воедно, на Маја ем сопругот, ем братот ’ се ваши колеги-полицајци.
Ние сите , а и засилени со повеќе народ, пак ќе дојдеме. Следен пат очекуваме да се тргнете од портите, да ги спуштите штитовите и да ни се придружите во борбата за посветла Македонија.
Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци


