Ацо Кабранов: Горане, Бибо, Столе, Дуле, што е со вас?!

Бриф.мк/Илин Николовски

Ги гледам снимките од пред портите на МТВ денеска, турканиците и убедувањето на жените, полицијата да ги пушти внатре да се сретнат со моите некогашни колеги. Синоќа бев пред МТВ, денеска не, но на снимките од драмата пред МТВ и специјалците со панцирки наспроти насмеаните жени, искрено, чувствата ми беа измешани. Се восхитив од потегот на стотиците жени кои ги бакнуваа и гушкаа полицајците, кои ете, тука дошле, за жал, да бранат од нив некогашни мои колеги. Гледам и се чудам. Абре Горане, а и ти Бибо, Стојанче и Дуле, уредничкиот тим де, на телевизијата која е на граѓаните, ДОТУКА ли дотуркавте, или пак и вас ви се сматил умот, та станавте протежеа на новинарството кое со години го фура оној професорон доктор Латас и остала багра околу него.

Драги мои, па зар заборавивте како од петни жили се трудевте на граѓаните да им ја кажувате вистината, да откривате злоупотреби што им се прават, да бидете гласноговорници на ВИСТИНАТА, ништо ни повеќе ни помалку. Со право бевте гласни кога некој, дали било тоа во А1, Канал 5 или Алфа, ќе се обидеше само запирка да ви смени.

И денеска што дочекавте, полицајци да ве бранат од граѓани кои само сакаат да ве потсетат дека на телевизијата која е нивна, без разлика, ве тера некој или не, ВИЕ им ја криете вистината.

Горане бре, абе ја те памтам како бунтовен борец за професијата. Ми остана изгледа само сеќавањето дека ти беше најрешителен кога договаравме во А1 радикален чекор – во вестите во 19 јас како главен уредник да се појавам, да им се заблагодарам на граѓаните и да им кажам дека од таа вечер ќе нема А1 Вести затоа што имаме притисоци од газдата. Сега од оваа временска дистанца тие притисоци, признал јавно или не, се детска ИГРА за ова што ви се случува тебе и на тимот кој го предводиш. И наместо да се бунтувате прво вие се дотеравте полиција да ве брани од народ кој ве плаќа.

Вам бе драги мои колеги, а не на вистинскиот уредник Мартин Протуѓер ќе ви остане професионалната дамка, дека заради манипулирање, граѓаните ви дошле да ја испорачате сметката,н а вестите што им ги пакувате да ја кажувате вистинската а не вистината на Груевски и фамилијата.

Не сакам да верувам дека сте прифатиле професијата да ви вреди во две или три илјади евра, но некако ко да ќе е така. Искрено, не ви завидувам, само ми е криво, што бар според мене, полека но сигурно, сте станале мали Латасчиња.

Одлуката е ваша, но ваш ќе биде и срамот, или си викате, ма терај додека се може, а… јас за такви не ве знаев, или сум бил НАИВЕН…

Толку имам да ви кажам, односно да ве потсетам, драги мои бивши колеги – зарем до тука дотуркавте.

Ацо Кабранов

Извор: Либертас.мк

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести