Членот на ИО на СДСМ, Петар Атанасов на својот Фејсбук профил го коментира вчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Битола и фалењето на партијата на власт за голема посетеност од страна на поддржувачите на партијата на власт:
– Колку луѓе имало пред салата во Битола? Не слушнав добро!

Па 10 пати повеќе луѓе има во фоајето на зградата на СДСМ, кои секој работен ден стрпливо чекаат да ги пријават злосторствата на оваа власт!
Што пријавуваат?
Арамилаци, закани, притисоци, изгубени работни места, преземени фирми, наплатени драконски казни, затворени бизниси, тендерски заврзлами, непристојни предлози, наредби од директорите во училиштата, административен мобинг… уф…
Толку многу гревови, кај толку мала група на луѓе… следува процес на внатрешна и надворешна дестилација во ВМРО-ДПМНЕ…пишува Атанасов


