Ова е Рекорд или Бордел

Објавувањето на фотографијата на новото барокно руво на зградата кај Рекорд во строгиот центар на Скопје, предизвика бура од негативни рeакции, подсмев и чудење кога ова, како што пишуваат фејсбукџиите, ќе престане.

Еве што на нејзиниот фејсбук статус напиша новинарката Јорданка Јордановска-Јоци која доги години професионално ги следи случувањата во македонската метропола:

Луѓе ова е „Рекорд“
Јас сум вон себе.
Добро бе вмровци, па бар да прашавте каде смее да мочате, а каде не, ќе ви кажевме.
А дали знаете дека со оваа зграда, која сериозно ми личи на бордел, ми ги уништивте сите љубовни спомени од оваа улица ! Ма бре од цел град, да ви е…
Ми го урнисавте градот, липите, плоштадот, романсата која живееше во воздухот.
Баш ви е гајле! Вие и не знаете што е тоа љубов.
Машини. Ботови. Лицемери. Идиоти.
Дојдовте од којзнае кои недојдии и му е*авте мајка на градот и центарот

Се’ ова ќе ви се паркира во ваши дворови, еден ден. Со багер, на кој ќе се вее македонско знаме.

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести