Полициската станица во Берово поднесе кривична пријава за браќата Г.В.(20) и Г.В.(20), двајцата од Берово, и за Д.Т.(20) и М.С.(20), двајцата од с.Двориште, Беровско.
Tие се товарат за сторено кривично дело насилство.
Како што е наведено во полицискиот билтен, на 22.03.2015 година, во 3.50 часот, пријавените со патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.С., пресретнале 17-годишно лице од Берово со кого Г.В. претходно имал нарушени меѓусебни односи поради судска постапка што се води против двајцата за нарушен јавен ред и мир.
Тие ѕверски го нападнале и со метален предмет му нанеле повреди во пределот на главата.


