НЕЧОВЕКОТ ОД НЕТПРЕС – ДЕЈАН НИКОЛОВСКИ
Синоќа, сосем случајно налетав на него. Да не бев политичар, ќе беше многу едноставно. Го фаќам за врат и го трескам од земја! Безмилосно! Па што сака нека биде. Но сега… Сега јас сум политичар. И треба да бидам фин. А овој нечовек! Ова злобно суштество од одаите на пеколот, за него не важи ништо. Бидејки работи за режимот. А за режимот правила нема.
Луѓе! Премногу им дозволивме. Премногу им попуштаме. Премногу сме пасивни. Но! Отсега натаму нема!
Со неговата свесна лага дека јас и Зоран Заев заедно со радикални исламисти подготвуваме крваво сценарио за граѓанска војна во Македонија… Ја вознемири мојата болна, безмалку ослепена мајка. Мајка која ме родила. Мајка која ја сакам најмногу на свет. Мајка која е тежок шеќераш меѓу другото и поради мене. Мајка која во 2001-та секој ден, распаметена, чекаше да и јавам дали сум жив. Мајка која тивко и болно гледаше во мене. А јас. Свиткан во два краја. Во шок соба. Со крвој на сите страни. Со црева кои излегуваа од мојата утроба. А низ цревата… Полека, полека, се цедеше мојата згусната крв. Насобрана од силното внатрешно крварење на мојот, од куршум расцепен, бел дроб.
И сето тоа, за да може денес, некое бездушно суштество да се изживува врз нас!
Дејане, КУКАВИЦО!!! Дејане бездушен створу! Ќе платиш за сѐ! Ќе платиш и тоа како! Тогаш кога во Македонија ќе судат судии кои нема да имаат бројче. А тој ден ќе дојде бргу. Многу побргу отколку што мислите вие.
Но, можеби… Можеби еден ден нема да бидам политичар. И некаде на улица ќе налетам на тебе…
Фејсбук статус на Стојанче Ангелов


