(ВИДЕО) Откријте дали ви требаат наочари – Ајнштајн или Мерлин Монро

Нова оптичка илузија кружи на интернет, а овој пат не е само забава, туку е и многу корисна. Затоа, во зависност од тоа кого ќе видите на оваа слика, можете да дознаете дали имате проблеми со видот или не.

Како сликата се зголемува, треба да го видите Алберт Ајнштајн. На нормална далечина, здравото човечко око може да детектира линии на лицето на научникот и јасно видливи мустаќи.

iluzija

Од друга страна, ако имате потешкотии со видот, тогаш на сликата се појавува насмеаната Мерлин Монро. Оваа илузија е направена пред неколку години на Институтот за технологија во Масачусетс, а научниците велат дека точно открива дали имате проблеми со видот.

Најчитани вести