Софија и Бургас во потесен избор за домаќин на Евровизија 2027 година

Бугарската национална телевизија (БНТ) ги објави двата града кои влегоа во завршна фаза од изборот за домаќин на „Избор за песна на Евровизија 2027“. Софија и Бургас влегоа во потесниот избор, додека Варна и Пловдив се елиминирани од натамошната селекција. Градовите беа оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои инфраструктурата на арените, пристапноста, сообраќајните врски, сместувачките капацитети, како и вкупната организациска подготвеност на секој од кандидатите.

Софија ја понуди Арена 8888, поранешна Арена Армеец, која е најголемата затворена спортско-концертна сала во Бугарија. Овој објект досега бил домаќин на бројни големи спортски натпревари и музички спектакли, поради што важи за една од најдобрите сали за организирање големи меѓународни настани.

Престолнината располага со големиот број хотелски капацитети, добро развиената мрежа на јавен превоз и најголем меѓународен аеродром во Бугарија, што ја прави добар кандидат за домаќин.

Градот Бургас ја предложи Арена Бургас. Станува збор за современ повеќенаменски објект, отворен во 2023 година, кој е меѓу најголемите затворени спортски и забавни арени во Бугарија. Градот важи за еден од најатрактивните туристички дестинации, што го прави добар избор за одржување на Евровизија.

„Конечна одлука за градот домаќин на 71. издание на „Избор за песна на Евровизија“ се очекува да биде донесена најдоцна до 30 јули“, објави телевизија Јуровижн. 

МИА

Најчитани вести