Ги кодошел Жаре Бербер…ако, ако…го турија на телевизија „”night show voditel” да биде…го плаќаа ко ѕвезда…му врескаа и полнеа кафани кога пее…го плаќаа ко ѕвезда, ко ѕвезда ја претстави земјава на Survivor…фраер да биде…е сега кодошел. Ако нека кодоши, може вакви работи ќе помогнат вистинските луѓе да испливаат и да го добијат она што навистина го заслужуваат со својот талент.
За да бидеш водител треба ум и знаење, треба постојана надградба. Тоа не е седни на столче убаво наконтен и намирисан со фенси гардероба и да трабуњаш што ќе ти текне на паметот или да лаеш по овој, оној оти не си го мирисал па си се дигнал да им судиш на луѓето и да ги малтретираш како знаеш, а некои да се ситат и исполнуваат со омраза. Водителството е професија, пеењето е талент, способност и индустрија.
Кодошел…ако, ако…тој не е крив, ние сме криви што дозволуваме такви да виреат а вистинските уметници и познавачи глава да не можат да кренат.
Фејсбук статус на Камелија Шојлевска – новинар и водител


