Жаре Бербер во изјава за КУРИР вели дека го иритира дволичноста, но сепак ги простува прозивките кои се појавија после најновата опозициска „бомба“.
Во прислушуваните телефонски разговори, Дејан од Пелистерка на градоначалникот на Прилеп му вели дека треба да се затворат сите кафеани. Разговорот е после изборите и тој бара да се одмаздат на сите кои периодот го нервирале, а информациите Марјан Ристески ќе ги добиел наводно од Жаре Бербер, по што вели дека следно треба Центар да го сработат.
Шоуменот вели дека неговиот личен и професионален однос наспроти пријателите и познаниците е секогаш искрен и директен и поради тоа смета дека нема потреба да го оправдува.
– Не знам зошто, но излегува дека јас го кажувам она што другите го мислат. Секогаш ме иритирала дволичноста и лицемерието кај луѓето, можеби поради тоа ме погоди и ова претходното. Но, моите пријатели во Прилеп и во цела Македонија знаат дека јас никому не сум наштетил. Напротив, секогаш кога сум можел, секому сум помогнал – изјави Жаре Бербер за КУРИР.
Тој нагласува дека неговата “политичка” опција во животот е музиката, хуморот, позитивната енергија, човечноста и никој тоа не може да му го ограничи.


