Денес околу 16 часот се случила сообраќајна незгода кај Струмица во која според податоци од очевидци потешко е повредено едно лице, јавува порталот Струмицаденес.
Сообраќајката се случила на излезот од Струмица кон Дабиле. Според очевидци едното возило удрило во возилото пред него по што се извртело и преминало во спротивната лента, во која се судрило со друго возило.
Потешко е повредена девојка која била совозач.


