(АУДИО) Груевски: Со ДУИ се договоривме, хашките случаи да поминаат веднаш во Собрание

На денешната прес конференција на СДСМ лидерот на партијата Зоран Заев презентираше аудио снимки кои сведочат за наводниот патриотизам на премиерот Никола Груевски кој наредува да се гласа за амнестија на Хашките случаи во Собрание, односно целата одгворност да се пренесе на пратениците, а тој да нема никаква одговорност, рече Заев.

– Проектот Вистината за Македонија покажа дека Груевски бил алчен, феудалец запоседнал цели парцели, работи против законски и против уставно со цел да ја задржи комотна позиција на премиер. Денеска ќе откриеме уште едно лице на Никола Груевски, односно ќе падне маската на големиот патриот Никола Груевски. Тој е политички измамник и манипулатор кој за да остане на власт не го интересираат ни  македонските  национални интреси, ниту законите, ниту се грижел за  соработниците од министрите до пратениците – рече Заев.

– Конечно со ДУИ завршија преговорите, мој избор е веднаш да помине во Собрание амнестија на Хашките случаи. Ние ќе дадеме мислење од влада „округло па на ќоше“, а цела одгворност ќе биде на пратениците и Собранието – вели Груевски во снимените телефонски разговори:

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести