Судијата Билески во 2010 добил решение од лустрациска дека не е соработник на службите

Судијата од Кичево, Драги Билески, лустриран е на 16 ноември 2012 година, со решение бр 07-3608/2. Неговата егзекуција, реализирана е експресно после разговорот на претседателот на комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев со Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Но ова не било прво решение издадено од комисијата за судијата Билески.

Со решение бр. 07-20/563/10 од 17.02.2010 година, Комисијата за верификација на фактите потврдува дека судијата Драги Билески не бил соработник на органите на државната безбедност.

По иницијативата на лицето кое го испраќа Милошоски кај Аџиев, комисијата ја повторува постапката и разгледувајќи ги старите „докази“, фрла ново светло и утврдува дека Билески соработувал со органите на државната безбедност.

Комисијата го укинува решението од 2010 година и носи решение со кое Билески го прогласува за соработник на службите.

bileski_2

Телефонскиот разговор помеѓу Милошоски и Аџиев се случил на 23 јули 2012 година, а наредниот ден лицето Живко Туфегџиоски поднел иницијатива од трето лице до Комисијата за верификација на фактите, за покренување на нова постапка за Драги Билески од Кичево.

Во телефонскиот разговор Милошоски му се „жали“ на Томе Аџиев:
(транскрипт)
Милошоски: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево
Томе Аџиев: Така
Милошоски: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…
Томе Аџиев: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние
Милошоски: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно
Томе Аџиев: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…

Предметот на судијата Билески (види случајност) го води лично Томе Аџиев. Под изговор дека станува збор за нови документи (за кои што се води полемика околу нивната автентичност внатре во комисијата), Аџиев поддржан од мнозинството гласови, успева да го поништи решението од 2010 година и судијата Билески го прогласува за соработник на службите, па согласно со тоа го исполнува условот со кој се ограничува во вршењето на јавна функција.

bileski_11

Потврда дека Комисијата и нејзиниот претседател, Томе Аџиев, била под силен притисок на високи државни функционери на ВМРО ДПМНЕ, е телефонскиот разговор воден помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска:
(транскрипт)
Никола Груевски: Горде, помина ли заклучокот на Томе Аџиев вчера?
Гордана Јанкулоска: Не претседателе, јас додека бев не помина. Пошто мојата информација беше дека он со Мартин го усогласувал, до мене воопшто не беше доставен.
Никола Груевски: Е па џабе денеска го имаме кога нема Влада.
Гордана Јанкулоска: Јас не добив никаков заклучок. Нели требаше они да го усогласат…
Никола Груевски: Еве го кај мене е сега, ама што ако е кај мене кога седницата помина.
Гордана Јанкулоска: Ама не…
Никола Груевски: Му кажав у понеделник да ми го даде.
ГЈ: Е па што да кажам? Не е страшно, ќе го поминеме следната седница, а во меѓувреме тие што се побитни институции, нели вечер имаме состанок, ние, Архивот…јас ќе се чујам, денес планирав, со двајцава…
Никола Груевски: Кажи му: Томе задоцни, речи…И понеделник го утна, и вторник го утна, у среда ми го праќа.

Во другиот телефонски разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Ленче Самарџиевска (секретарка на Груевски), се договара средба на Томе Аџиев и членови на Комисијата за верификација на фактите (подобните членови) со Груевски, Јанкулоска, Мијалков и др. Овие средби, според нашите извори, се случувале како по правило, пред оддржувањето на седниците на Комисијата.

ЛС: Горде?
ГЈ: Ало, кажи Лено.
ЛС: А бе види, ја го барам овој, ама ти си го викнала веќе, не знаев дека…Томе Аџиев. Се утепав ѕвонејќи…. на крај…
ГЈ: Ааа, па ја на сите им се изјавив и му пишав на премиерот дека им кажав.
ЛС: Ама знаеш јас му викам: кои се овие, што е финтава…гледам запишано ни а, ни б не ми кажа, вика: аа лустраторите викни ги, ова-она. Викам…не знам кои се, појма немам.
ГЈ: А јас па знаеш дека обично ги викаат од кај Трајко Вељаноски и сега, мислам не знаев дека ти си на работа, да не нејќе премиерот цела Влада да го дознае кој доаѓаат, му пишав порака: Им јавив на сите.
ЛС: Не, му кажав јас сега на Томе, му викам: Ве молам викнете ги, не знам кои…
ГЈ: Да, да..
ЛС: Вика ми се јави мене министерката
ГЈ: ….си знае…
ЛС: А кој треба друг да дојде? Сега ме прашува Сашо….
ГЈ: Значи треба вака: Томе со таа бандата од кај него, он ќе им каже на нив…
ЛС: Добро…
ГЈ: Зоран Тодоровски, јас му кажав, ама ако, јави му се и ти, не е проблем.
ЛС: Добро…
ГЈ: Сашо и Тони Јакимовски од кај него, Билјана Бришковска и ….
ЛС: Чекај, Тони Јакимовски овој…кој Тони Јакимовски? Од кај Сашо некој?
ГЈ: Тој што му е шеф на Кабинет на Сашо.
ЛС: Добро, Билјана Бришковска…
ГЈ: И јас и Зоран Тодоровски.

Комисијата за верификација на фактите претставува самостоен и независен орган, а функцијата член на Комисијата е неспојлива со вршење на друга јавна функција,како и со вршење на друга професија, дејност или должност.
Претседателот, заменик-претседателот и членовите на Комисијата не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија или Владата на Република Македонија.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести