Секој денар спечален надвор од средствата кои се издвојуваат од државата мора да биде конфиксуван!

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил го коментираше предлогот на Љубчо Георгиевски за амнестија и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ како излез од политичката криза. Нејзиниот коментар ви го пренесуваме во целост:

1. Барањето амнестија значи дека некој направил криминал кој треба да биде простен. Јас не гледам никаков криминал на страна на СДСМ (во моментов) и да ги бутнеш во еден кош е во најмала рака безобразно.

2. Не гледам зошто треба да се потенцира етничката припадност на можниот претседател на техничката влада. Се бара технократ со одредени квалитети, а на која етничка заедница ќе припаѓа е потполно неважно (се разбира освен ако не сакаш да се удвараш некому и да лижеш кај што си плукнал).

3. Љубчо Георгиевски не смее да се врати под никакви услови на политичката сцена затоа што е веќе еднаш амнестиран и доколку не го исполни условот кој е поставен во рамките на таа амнестија (макар и неформална) , тогаш мора да се процесираат сите негови дејанија преку кои како човек без никаков имот со прво запослување – премиер излезе како исклучително богат човек кој еве може да си дозволи и отворање трговски центри.

ЗА СЕКОЈА ИДНА ВЛАСТ (ТЕХНИЧКА ИЛИ ИЗБРАНА) МОРА ДА ВАЖИ ПРАВИЛОТО ДЕКА НЕ СМЕЕ ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИМОТОТ НИ ЗА ЕДЕН ДЕНАР ВО ТЕКОТ НА ДРЖЕЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА. СЕКОЈ ДЕНАР СПЕЧАЛЕН НАДВОР ОД ОНА ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СРЕДСТВА КОИ СЕ ИЗДВОЈУВААТ ОД ДРЖАВАТА МОРА ДА БИДЕ КОНФИСКУВАН (ИСТО КАКО ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ДЕКА СИТЕ ПРОМЕНИ ПОДАРОЦИ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА, А НЕ ВО ЛИЧНА СОПСТВЕНОСТ).

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести