Во центарот на Струга околу 12:30 часот се случи пукотница, јави Спектра
Неофицијално пукотницата настанала поради недоразбирање помеѓу неколкумина во кладилницата Спорт Лајф во близина на хотелот Београд, при што еден од вработените е нападнат и со огнено оружје нанесена му е повреда.
Повредениот итно е пренесен во општата Болница во Струга. Подетални информации се очекуваат во текот на денот.
Извор: Спектра


