Ангелов: Режимот е готов, да го забрзаме неговиот пад!

ХОЈТ ЈИ

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји порача:

„Ние ја повикавме владата и нејзините институции да ги земе обвинувањата и инсинуациите за злоупотреби на службената должност, за можното незаконско однесување, многу сериозно, најмалку толку сериозно како што владата ги зема обвинувањата против лидерот на опозицијата, господин Заев“.

„Информации за можна корупција на функционери, за можно неприлично влијание на владата врз медиумите и врз судството, за можни изборни злоупотреби и други можни злоупотреби на власта“.

ГРАЃАНИ МАКЕДОНСКИ!

Режимот е готов! Дојдете утре во 12.00 пред МРТ! Да го забрзаме неговот пад. Оние кои се збогатиле крадејки од осиромашените македонски граѓани ќе ги гониме до крајот на светот! Ќе ги изведеме пред лицето на правдата! Ќе им го одземеме последниот украден денар! Ќе ги вратиме изнесените пари назад во државата! Македонија да стане поубаво место за живеење! Затоа што, сите ние, заслужуваме нормален и поубав живот! Без насилство, без омраза, без страв!

Фејсбук статус на Стојанче Ангелов

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести