МАВНИ ИМ СЕ ОД ОЧИТЕ НА АЕРОДРОМЦИ!
Нелегитимна министерке! Се засрамив кога те видов во Аеродром. Веќе три децении живеам во најурбаната скопска општина. Како „аеродромка“ потонав од срам од твојата безличност и нечовечност. Не можев да си верувам на очиве. Дојде во општината која за мене е најубава во Скопје. Со крајна дрскост и невидено безобразие се појави среде Аеродром, спроти ТЦ Бисер и пред ТЦ Капитол. После 20 „бомби“ несфатлива ми е твојата безумна дрскост да дојдеш на најурбаното аеродромско шеталиште. Се осмели со твоите партиски послушници да го блокираш сообраќајот и да застанеш до најфрекфентниот пешачки премин. Можеби само се охрабри да присуствуваш на некаква си сообраќајна едукација. Ама целта ти беше рафалната МВРО-ВМРОвска изјава за напад врз опозицијата, при што ги злоупотреби деветгодишните деца од аеродромското училиште „Ѓорѓија Пулевски“. Чуму ја довлечка цела скопска полиција, ако си легитимна, ако навистина си избрана од граѓаните. Чуму страв! А срам немаш!
Како поранешен полициски служмебник и тазе невработена, благодарение на твоето „тефтерче“, пиев кафе во кафулето „Дежаву“ во ТЦ Капитол. Дискутирав со поранешните колеги за мобингот што го трпат, за сотрувањето, за суфицитот во кој што си ги зачукала сите шо тужат, за испомошта на елитната единица за економски криминал во Македонски шуми…Наеднаш почнаа да фрчат полициски возила, униформи и цивили… Што ли стана, се прашував? Уште не знаев дека пристигнала нелегитимната министерка! Тогаш, на два-три метри пред мене помина целото скопско раководство на полицијата. Искрено ми падна жал за нив. Одеа полека и безволно, мрзеливо и незаинтересирано, како довлечкани на сила, со мисла „кога ова лудило ќе заврши“?!
Нелегитимна министерке! Сега сѐ само твои неми слуги, а мене пак ми заличеа на барокни (стиропорни) статуетки. Ама не заборавај, каменот од блиску доаѓа! Да не ве именувам, нѐ видовте. Мој, школски другар , школски на мојот сопруг и уште неколкумина… Вашите погледи кажаа многу! Вие не сте глумци, како неа! Вие поранешни колеги (началници) многу добро знаете што направила, вашата нелегитимна министерка.
Многу добро знае што си направила и твојата „протоколарка“. Нејзиниот поглед прашуваше што бараме таму со мојот сопруг, генералот Ангелов. Да ти одговорам, Натали. Не бев кај тебе, во радовишко, за така нервозно да гледаш! Јас бев дома. Во мојот Аеродром. Ти со твојата нелегитимна министерка дојде на моја територија.
Повеќето новинари што беа околу тебе го видоа генералот Ангелов и искрено му се израдуваа. Ми пријде новинарка од провладин медиум и ме праша „Како не и е срам тука да дава изјави? После сѐ што слушнавме од неа! Како ли? Ќе и одговориш ли нелигитимна министерке? Често беше гостинка на нивните вести. Сѐ во интерес на твојата борба со медиумските секунди, де!
Ми влеговте дома. Ми доаѓаш во маало. Аеродромците навидум ти изгледаа незаинтересирано. Што останува за руралните средини, сигурно се смееш во себе! Сите ти порачуваат дека не сакаат повеќе да те гледаат во близина. Мавни се од очите на јавноста! “Крши глава, стегни заби и издржи“, како што велиш ти во „бомбите“. Нека ти дојде памет, за да знаат и другите, како што и викаш на твојата вработена. Престани веќе да лажеш и манупулираш, уште повеќе се заплеткуваш. И самата со Ставревски сѐ си признаваш. Сѐ слушнавме.
Дај спаси нѐ и стави се на полиграф да видиме која си всушност?! Горде од „монтираните, лепените, сечените снимки“ или Јанкулоска што глуми министерка. Ние не сме лудаци. Ние не сме човечиња. Времето тече. Не си недопирлива. Веќе владее паника кај твоите блиски! Засега, нека те приберат домашните… Затоа што за кратко време ќе те соберат „будалетинките “ пред кои лично ти, нелигитимна министерке парадираше!
Фејсбук статус на Јасминка Ангелова


