Едно лице загина во железничка несреќа што се случи синоќа во 22 часот и 37 минути на железничката пруга Скопје – Куманово во населбата Автокоманда, на околу 50 метри од влезниот сигнал на железничката станица Скопје.
Возот сообраќал на релација Скопје – Белград.
Во незгодата животот го загуби момче родено 1992 година од Тетово, кое на лице место им подлегнало на повредите.
Телото на момчето е предадено на обдукција, а полицијата утврдува како се случила несреќата.


