Тајни аматери на јавна задача

Нелегитимна министерке!

Во саботата повторно имавме блиска средба и фотографирање со твојата не толку „тајна“ полиција. Твоите тајни агенти со аматерско и целосно невешто мобилно следење го набљудуваа протестот пред МРТ. Не фотографираа и ги фотографирав. Кога заврши протестот, генералот Ангелов продолжи да разговара со граѓаните, а твоите агенти неможејќи да фатат сѐ продолжија да делуваат како муви без глава. Напред – назад немаа каде? Кутрите тајни агенти возејќи се во црниот голф со затеменети стакла не знаеа како да се наместат. Ги разбирам. Не се виновни што директно од теретани без минимална обука и без познавање на Законот по „твоето тефтерче ги напика“ во МВР. Слушнавме дека приоритет на МВР биле донациите и провизиите. И твојата презафатеност со телефонските озборувања заедно со твојот омилен лик од вашата нелигитимна Влада.

tajni_agenti

Од извршените проверки утврдивме дека регистарските таблички SK – 8886 AD потекнуваат од возило марка „Шкода“ произведено 1979 година, во сопственост на лице од скопска приградска населба. Нашите извори, според неколку карактеристики на возилото, не известија дека Голфот кој ги носеше таблиците од Шкодата е во сопственост на лице од Автокоманда, познато на службите, а можеби сеуште се води вработено во службите. Другата можност е возилото да е во директна сопственост на МВР бидејки според неколку наши други извори исти вакви голфови со затемнети прозорци има Управата за безбедност и контраразузнавање која денес е сѐ, само не е тоа што треба да биде.

Согласно Уставот и законите на мојата држава, никој нема право да нѐ следи и снима. Ниту пак има право да нѐ вознемирува. Ние не сме сториле ниту пак подготвуваме кривични дела за да бидеме под твоите омилени ПИ мерки. Согласно член 253 од Законот за кривична постапка посебните истражни мерки може да се определат кога постојат основи на сомневање за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години, а се подготвуваат, во тек е извршување или се извршени од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение. Слично на вашата нелегитимна Влада.

Протестот пред МРТ и слободното искажување на мислата, говорот и јавниот настап се уставно загарантирани во член 16 од Уставот на РМ. Значи, повторно, ти, нелигитимна министерке, вршиш злоупотреба на државната институција – Министерството за внатрешни работи на РМ.

Вежбањето во теретана не го вежба умот. Решив да ги тестирам твоите тајни агенти. Нормално, колку да им го пореметам нивното „комотно“ набљудување. Се приближив до нив. Што затекнав?! На отворениот позорец совозачот ја зафрлил неговата бааѓи навежбана рака што крцкаше под белата блуза со кратки ракави. Сосема сама застанав пред голфот со запалени светла. Совозачот веднаш го затвори прозорецот за да не му го видам ликот. Очекував да подаде глава или да излезе.

Вообичаено, темпераментниот македонски граѓанин бурно би реагирал со прашањето зошто му го фотографирам возилото? Овие не беа нормални граѓани, туку непрофесионални оперативци на УБК! ! А вие, не можам ни да ве наречам, поранешни колеги! Иако сега носите службени легитимации на УБК, без да ги знаете полициските овластувања, денес сте нејзини извршители, но утре ќе бидете соизвршители во нејзините кривични дела!

Бидејќи за ова незаконско следење се одговара на вистински правичен Суд! Да бев на службена задача немаше да дозволам да ме видите, а камо ли да се исперчите пред мене. Ќе смислев начин како да ве тргнам, за да си ја завршам задачата.

Ние ги сменивме улогите. Предизвикав нервоза кај нив и ги натерав да се повлечат. Јапонските следачи побегнаа. Не ја завршија задачата до крај. Не забележаа сѐ што им било наложено. Џабе им мускулите кога избегаа од мене. Или, како што на шега ми рече стилистот Сергеј Варошлија, избегаа од „македонската Лара Крофт“!

Иако ни оддалеку не изгледам толку опасно како неа!

Фејсбук статус на Јасминка Ангелова

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести