Oколу 7 часот изутрина лицето Н.Т. во поприлично алкохолоизирана состојба. ги искршил стаклата на вратите и на големите прозорци од предната и едната страна на новата општинска зграда во Прилеп. Ова го потврдуваат хигиеничарките кои изутрината ја чистеле зградата.
– Околу 6.45 часот изутрината со колешката работевме во просториите на зградата и одеднаш слушнавме силен и страшен звук. Се исплашивме, но кога се доближивме до надворешниот дел од зградата забележавме искршени стакла и фрлен камен. Не се огласи аларм зашто за време на нашето работење се исклучува системот. Веднаш го информиравме обезбедувањето, а тоа повика полиција, вели Наташа макешоска, хигиеничарка, пренесе МИА.
Стаклата целосно се искршени на предната страна, на сите врати и големите прозорци од страната на зградата кон паркот.
Лицето Н.Т. бил приведено во полиција, а истрагата за случајот која е во тек, ќе ја покаже причината за овој настан.


