Софијанова…оди си ма! Не си жено Господ, ти кажал ли некој?

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци со остра критика за  директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, која  е вклучена во пропагандата против Референдумот за ГТЦ.

Ивановска на Фејсбук напиша:

Софијанова…дел од пропагандата против референдумот за ГТЦ.
Жената која е дел од Второстепена Комисија, а и директорка на Детска клиника, онаа која се потпиша на одбиеното барање за лекување на покојна Тамара. Па потоа и ни објасни со цел памет, на најглуп можен начин, дека одлуката дошла од повисоки структури. (така и кажале, да се потпише, и она се потпишува).
Не почуствува ронка одговорност да поднесе оставка барем во комисијата, камоли како директорка.

sofijanova
Жената, која пали и гаси, решава за човечки судбини, одлучува за почеток и крај на детски животи, крои политики за градов, а на која влакно не и’ фали од главата.
Софијанова…оди си ма !!
Не си жено Господ !
Ти кажал ли некој ?

 

СДСМ денеска покажа документ од заклучок од седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, потпишан од претседателката на комитетот Аспазија Софијанова, инаку директорка на Детската клиника, според кој, партиски членови треба да ги посетат сите домаќинства за да ги убедат да не излезат неделното гласање.dokument

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести