Воз прегази 14 емигранти на пругата Велес – Скопје

Најмалку 14 мигранти загинале во железничка несреќа која се случила синоќа околу 22.30 часот на пругата Велес – Скопје, информираат од МВР.

Според првичните информации групата мигранти од околу 50 лица се движела по пругата во правец  на Белград. Станува збор за тесен терен каде тие немале можност да се спасат. Несреќата се сличила во близина на стојалиштето Пчиња на непристапен терен, каде меѓународниот воз налетал на групата мигранти.

Вообичаено тие пругата ја користат како патоказ во непознатиот терен. Повеќе информации МВР најави во текот на денот, железничкиот сообраќај на таа делница е во прекин.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести