Околу 16 часот и 30 минути на стариот пат кај Тетово-Гостивар кај „Неготинска клучка“ во близина на селото Градец, возило БМВ со италијански регистарски ознаки излетало од патот и се превртело.
Во БМВ-то се превезувале седум лица, а за жал на местото на настанот починала 15-годишната Л.А.
Автомобилот го управувал малолетник.
Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници, кои со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.


