Во текот на работното време вчера физички бил нападнат А.Ј., вработен во општината како одговорно лице за проектот Отиње. Инцидентот се случил токму на градилиштето, а според пријавата, напаѓач е М.Ј., исто така вработен во локалната администрација, јавува локалната телевизија ТВ Стар
Напаѓачот своевремено бил раководител на неколку оддели во општината. Тој е магистер и автор на неколку книги од историска тематика.
Според лекарскиот наод А.Ј. имал сериозни повреди во пределот на лицето, набивање на меките ткива и повреда на усната.
Причините за нападот засега се непознати и нив ќе ги истражува полицијата.


