Утрово во Струмица возило удрило во приватниот автомобил на опозицискиот лидер Зоран Заев. Во моментот на сообраќајката во возилото биле возачот на Заев и неговата сопруга.
Од ударот, сопругата на возачот на Заев има скршено ребро и е однесена во болница, изјави за порталот Либертас Зоран Заев. Автомобилот Ауди бил доста оштетен.
Претходно некои од порталите објавија дека во возилото, кога се случила сообраќајката, бил Заев со сопругата и дека таа била однесена во болница, но Заев за порталот Либертас рече дека тоа не е точно.


