На јубилејното 60-то издание на изборот за „Песна на Евровизија“ кој се одржуваше во Виена, Австрија, победничка е песната на Шведска.
Претставникот на Шведска, Монс, цело време важеше за еден од најголемите фаворити за првото место со песната „Heroes“.
Шведска за првото место освои 365 поени, на второто место е Русија со освоени 303 поени, а на третото место е Италија со освоени 292 поени.


