Комбе во кое илегално се превезувале дваесеттина мигранти од Сомалија ноќеска по полноќ излета од патот и се преврте во близина на селото Кочилари, близу Велес. Сообраќајната несреќа се случила кога полицијата се обдела да го запре возилото. Во несреќата се повредени 14 мигранти. Сите беа пренесени во велешката болница каде им беше укажана лекарска помош.
Немаше тешко повредени мигранти. Скоро сите имаа лесни повреди, гребнатини и исекотини по телото, на главата и екстремитетите. Единствено 27 годишниот Насер се чинеше дека е со потешки повреди бидејќи додека лежеше во болничкиот кревет се држеше за стомакот , се превиткуваше и се жалеше на болки во слезената и бубрезите. Само тој и дваесет годишниот Суаим знаеја англиски. Тие раскажаа како пред три дена влегле во Македонија од Грција каде платиле по 1.500 евра за да бидат превезени до Србија.

„Многу се исплашивме. Плативме по 1.500 евра за да стигнеме во Србија. Додека вечерва се возевме во комбето, видовме како на патот во темнината, две полициски возила му сигнализираа на возачот да запре. Потоа го бркаа а тој не запра туку возеше побрзо и излетавме од патот,“ рекоа Насер и Суаим.
Повеќе на прочитајте на Дума на следниот линк



