Загинала при секс, столб од фонтана уби млада девојка

Романтичното рандеву во паркот во Инсбрук заврши кобно за 22-годишната Германка. Таа и нејзиното момче дошле на идеја да разменуваат нежност во платнена лежалка која од една страна ја врзале за блиското дрво, а другата за столбот на камената фонтана во паркот.

Столбот поради оптоварувањето и мрдањето во еден момент се урнал и тешко ја повредил несреќната девојка, која иако веднаш била префрлена во болница, лекарите не можеле да и го спасат животот.

Според податоците од полицијата, 24-годишното момче ноќта околу 23.30 часот ја врзал лежалката меѓу фонтаната и дрвото.

По само 15 минути се случила трагедијата. Тој останал неповреден.

Побарана е обдукција врз телото на настраданата девојка.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести