Милијардерот Владимир Потанин (54) се разведува од својата сопруга после 30 години брак и три деца.
Наталија од него бара 7,5 милијарди долари. Ако Владимир и ги даде, тоа ќе биде најскапиот равод во историјата, пишува Bild.

Досегашниот рекорд го држеше рускиот бизнисмен Дмитри Риболовлев кој на својата поранешна жена и исплати нешто повеќе од 3 милијарди евра.
Потанин е претседател на руското инвестициско друштво Interros кое поседува фирми во енергетика, медиумите и недвижности. Тој е човек од голема доверба на Путин и е најбогатиот русин со богатсво поголемо од 15 милијарди долари.
Потанин и предложил на Наталија да и исплаќа месечно по 250 000 долари и да добие недвижности во Москва и Лондон.
– Тоа е повеќе од доволно – порачал преку адвокат.
Но наталија со тоа не се сложува. Сака половина од неговото богатство.
– Многу го сакам и разводот за мене ќе биде трагедија – изјави Наталија. Ако добие колку што бара тоа ќе и биде голема утеха.


