(ВИДЕО) „Зајди, зајди“ му донесе финале во „Звездите на Гранд“ на Филип Божиновски

Покрај Ален Хасановиќ во финалето на „Звездите на Гранд“ ќе се најде и Филип Божиновски. Тој синоќа пееше во баражот за пласман во финале. Иако конкуренцијата беше многу јака, а и покрај тоа што имаше разни шкекулации околу можните „местенки“, Филип сепак, со помош на граѓаните од Македонија успеа да влезе меѓу најдобрите – во финалето.

Како втора композиција за претставување и освојување на публиката Филип Божиновски ја избра легендарната „Зајди, зајди“…и едноставно плени. Откако беспрекорно, на свој начин, ја изведе добро познатата песна која ретко кој се осмелува да ја пее, аплаузот во студиото траеше…и траеше…и траеше…Жирито пак остана без зборови…Продуцентот Саша Јакшиќ Жика со солзи во очите ги соопшти своите оценки (кои не влијае на пласманот) 5 за стил, 5 за сценски настап и 10 за пеење, оценки кои никој не ги доби. Саша Поповиќ едноставно се согласи со својот колега…но, аплаузот кој го доби Филип беше неверојатен и досега невиден.
Покрај него во финалето се пласираа и Сеад Хоџиќ, Милена Ставенов, Наида Бешлагиќ, Угљеша Костадиновиќ и Биљана Сулимановиќ.

За нашите двајца кандидати има уште неколку дена подготовка за големото финале. Првото им претстои на 20 јуни, потоа ќе има уште една финална селекција на 27 јуни за да на четврти јули конечно во Големото финале се дознае која е Зваездата на гранд за оваа година.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести