Тешка сообраќајка крај Радовиш – пожарникари се обидуваат да го извлечат возачот на абмулантното возило

На патниот правец Штип  – Радовиш во близина на рудникот Бучим,  вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа, во која учествувале амбулантно возило и камион, јавува Репортер.мк.

Поради тежината на сударот возачот на амбулантното возило е приклештен во деформираната каросерија. На помош, на местото на несреќата пристигна возило на противпожарната служба. Во моментов се прават обиди да се извеле возачот од амбулантното возило. Подоцна ќе ве информираме за други детали, пишува Репортер

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести