Гостиварец доживеал хорор кога бил пресретнат на патарината Гостивар – Тетово од група од тројца мажи. Додека тој плаќала патарина лицата го извлекле од возилото и го киднапирале.
Насила го ставиле во нивното возило и се упатиле кон Тетово.
Тие му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство доколку не го врати долгот кон едно од лицата.
Двајца од киднаперите биле од Гостивар а еден од Тетово. Полицијата трага по нив.


