Со БМВ влетал во ресторан во Тетово

Дваесет и четири годишниот Џ.И. од Голема Речица синоќа со автомобил БМВ влетал во ресторанот Молина на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Несреќата се случила кога Џ.И. поради брзо возење, изгубил контрола над БМВ-то, по што удрил во три паркирани возила, две “Голф“ и „Шевролет“, по што влетал во ресторанот.

Од ударот полесно повредени се Џ.И. и возачот на паркираниот „Шевролет“Ш.Х.(31) од Шипковица кој во моментот на несреќата бил во автомобилот.

Извор: Курир.мк

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести