Девојка на возраст меѓу 25 и 30 години попладнево се самозапалила во Градскиот парк во Скопје кај паркингот на ресторанот Балканика дознава Press24 од полициски извори.
Идентитетот на девојката не е познат. На лице место пристигнала Брза Помош но лекарите не можеле да сторат ништо. Констатирана е смрт. Нема информации од кои причини девојката се решила на ваков чекор.
Од МВР ја потврдуваат оваа информација.


