Загина возач на камион на автопатот Велес – Скопје, кај Дурутовец

Сообраќајната несреќа се случила ноќеска околу 1.40 часот кога од засега неутврдени причини товарното возило со унгарски регистерски таблички излетало од мостот над населбата Дурутовец.

„Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес се сеуште на терен и возачот е сеуште во возилото од кое се обидуваат да го извлечат,„ рече портпаролката на велешката полиција Анита Стојковска.

За подоцна во текот на денот се најавени повеќе информации поврзани со несреќата.

Извор: Дума

 

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести