Фотографијата на Кендал Џенер сруши рекорд на Инстаграм!

Ким Кардашијан можеби го „сруши интернетот“ но нејзината сестра Кендал Џенер  е таа која поставува рекорди.

Младата манекенка објавила фотографија на Инстаграм профилот и ги сруши сите рекорди.

На фотографијата, Кендал лежи на подот, додека прамените од нејзината коса направиле неколку срца околу нејзината глава.Иако можеби тоа ниту самата манекенка не го очекувала кога ја објавила, таа сепак за брзо време успеала да собере голем број на лајкови.

kendal

Колку на луѓето им се допаднала фотографијата покажува и бројот од 2,5 милиони кои притиснале лајк што и самата фотографија ја направила рекорд на Инстаграм.Со тоа Кендал веќе има и 30 милиони луѓе кои ја следат на оваа социјална мрежа.Пред Кендал, рекордот го држеше нејзината сестра со 2,4 милиони лајкови на фотографијата од венчавката со Канје Вест.

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести