Работник почина при пад од скала

Работник загинал при пад од скала вчера околу 14,40 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на м.в.„Бревичка“ во хала на фабриката ДООЕЛ „Резба“ за преработка на камен.

Стојан К. (57) од Прилеп, при изведување електрична инсталација (која била под напон) бил качен на скала, во еден момент паднал од скалата во висина од 3,3 метри. Од падот Стојан се здобил со повреди во пределот на главата и починал на самото место. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Прилеп.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести