(ВИДЕО) Изеде 62 хот дога за 10 минути

Има нов шампион на натпреварот во јадење на хот дог во Натан, САД, и тој е познат во круговите на луѓето кои се шампиони во брзо јадење како “Megatoad.”

Мет Стоуни го оконча осум годишното владеење на Џои Честнат, на прославата на Четврти јули, кога успеа да изеде 62 хот дога за 10 минути. Честнат изеде само 60.

„Ова е лудо“ – рече Стоуни за ESPN – „Џои е неверојатен конкурент. Тој е легенда на овој спорт. Јас тренирав напорно , но не бев сигурен во победата. Сепак дојдов подготвен.“

Во февруари, Стоуни постави светски рекорд во јадење сланина откако изеде 182 парчиња за пет минути.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести