Вилијам и Кејт со децата за крштевката на принцезата Шарлот

Попладнево се одржа крштевката на принцезата Шарлот. Кралското семејство го привлече вниманието на светската јавност кон Норфолк, а поточно кон црквата Св. Марија Магдалена.

Принцот Вилијам со сопругата Кејт и двете деца беа фотографирани додека се упатуваа на црковната церемонија. Ова е за првпат четиричленото семејство да биде фотографирано заедно.

krstevka1

Војвотката Кетрин блескаше во палто од Александар МекКвин и шапка од Џејн Тејлор.

Малата принцеза беше облечена во рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен кој бил носен од секое бебе родено во кралското семејство од 1841 година до ден-денес. 9-месечното бебе има пет кумови и било благословено со вода од реката Јордан.

krstevka2

Извор: Фемина

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести