Поранешниот грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој вчера поднесе оставка, само неколку часа откако и официјално ја објави својата разделба со Владата, и откако Грците го кажаа референдумскот “не”, тој своите сограѓани не ги остави на цедило. Како што дојде, помпезно, така и замина од фотелјата.
Но, претходно рече дека му стана јасно дека министрите за финансии на еврозоната не сакаат да го видат, а камоли да го помирисаат на продолжението од преговорите за извлекување на Грција од ситуацијата во која се наоѓа.
Варуфакис по многу нешта беше специфичен министер така што ниту неговото заминување од Министертсвото за финасии после оставката неможеше да биде обично – се качи на мотор и замина.
Нов министер за финасии и шеф на преговарачкиот тим ќе биде Euclid Tsakalotos.


