Бекам му подари 100.000 долари на сиромашно семејство

На сиромашна семејство од Мексико, славниот Дејвид Бекам им подарил 100.000 долари.

Учествувајќи во ТВ-шоуто „Knock Knock Live“, во кое познатите личности им тропнуваат на врата на сиромашните семејства и им делат пари, поранешниот фудбалер Бекам, покажа дека има големо срце. Не само што го израдувалo семејството со мошне потребните пари, туку ги воодушевил и самата своја појава, како еден од најпопуларните луѓе во спортот.

bekam1

Самиот домаќин некогаш бил фудбалер во Мексико, а денес работи во градежништво, и, поради тоа, своето семејство го гледа еднаш месечно.

– Ми раскажаа се за вашето семејство. Мило ми е што можам да бидам во вашиот дом – рекол Бекам и му врачил на домаќинот чек од 100.000 долари.

 

На шокираните членови на семејството, кои биле во солзи, им поделил и други вредни подароци.

Најчитани вести