Што се однесува до ветувањето за изградбата на нов Клинички центар во Штип, за прв пат е споменато во предизборната програма на Вмро Дпмне во 2006 година, а истото се провлекува во 2008 и 2011 година. Во март 2013 година министерот за здравство Тодоров најави дека се очекува проектот да започне кон крајот на 2013 година. Во мај 2013 година од Општината Штип беше најавено дека е направен планот за изградба на штипскиот клинички центар. Како и Министерот за Здравство Никола Тодоров така и Премиерот на 17.11.2013 година во Штип изјави дека во февруари 2014 година ќе започне изградбата на новата клиничка болница во Штип. И во кампањата за Парламентарните избори 2014 година се ветуваше Клинички центар. Еве и во 2015 е во најава за во 2016…
Фејсбук статус на Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ.


