Васил Толевски:Прв знак дека сте потонале е ако сите околу вас молчат како риби!

Уште малку па нашата химна ќе ја пеат само немите!

Останатите и онака не ќе смеат уста да отворат.

Прв знак дека сте потонале е
ако сите околу вас молчат како риби!

Некогаш бевме обединети нации.
А сега чекаме да не обединат Обединетите нации.

Наш политичар пропадна во септичка јама!
Околината го прифати како свој најблизок.

Во некои села има повеќе овци отколку луѓе!
Во такви места сите гласаат како ќе реши мнозинството!

Мојот пратеник е витален како дете!
Што се воочува и по дискусиите.

Тоа што ни е зинат газот, добар предуслов е
за влез на странскиот капитал.

Немојте да ме сметате во сточен фонд.
Јас само така живеам!

Од чување овци не се живее.
Ова први го увидоа некои наши пратеници.

Нашите од странство, ако треба, душата ќе ја дадат за Македонија. Немојте да им барате долар, евро…!

Бараме Господ да не спаси од елементарни непогоди! А сами ги правиме, одејќи на избори.

Фејсбук статус на Васил Толевски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести