ГАЛЕРИЈА Досега невидени фотографии од венчавката на Чарлс и Дијана

Изговарајќи охрабрувачки зборови со шепотење до нејзината петгодишна деверица, Леди Дијана, изгледа блескаво во нејзината венчаница додека го носи в прегратки малечкото девојче низ грандиозните соби на Бакингамската палата, пишува британски „Дејли мејл“.

ledidi1

Покрај неа е кралицата Елизабета Втора, која само момент порано станала нејзина свекрва, по венчавката со принцот Чарлс на церемонијата одржана во катедралата „Сент Пол“. Сцената, впечатлива по својата интимност и искреност, е една од многуте претходно необјавени фотографии од кралската венчавка од 1981 година кои ќе бидат продадени на аукцијата следниот месец.

ledidi2

Фотографиите се направени од роднина и единствениот фотограф на кој му било дозволено да ги направи неформалните фотографии на кралското семејство и на нивните гости откако тие се вратиле во палатата за приемот.

ledidi3

ledidi4

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести